Press "Enter" to skip to content

Продолжи реконструкцијата на “Илинденска“ во населбата “Ушици“ во Битола

По започнувањето на реконтрукцијата на една од најдолгите улици во Битола, “Илинденска“ градешните работи продолжуваат на потехот од крстосницата со улицата “Наум Наумовски – Борче“, се до крстосницата со “7 Јули“.

Во населбата “Ушици“ во Битола, каде оваа улуца беше можеби во најлоша состојба, се корни асфалтот и се поставуваа нова канализација, а на терен има голем број градежни машини, а жителите очекуваа брзо завршување на работите.

Претходно во овој дел на Битола се работеше на “Илинденска“ од Еврејските гробишта до “Панде Кајзеро“ и на истата улица кај “Скривниците“ кај Црн Мост.