Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена во селски гробишта

На 29.06.2020 во 10.56 часот во Полициското одделение Велушина, при СВР Битола,  Б.Б. (40) од село Меџитлија пријавил дека на влезот на гробиштата во село Меџитлија, при изведување земјоделски работи, пронашол неексплодирана граната.

Од полициски службеници било излезено на местото на настанот, а од страна на пиротехничар од ДЗС од Битола, била подигната артилериска граната 75 мм од Првата светска војна.