Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од удар со палка, пресретнување со удар со нога

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-ценатот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад кога сте нападнати со тврд предмет, во прикажаното со палка, кога нападот доаѓа од горе.

Како што е прикажано на фотографиите, ударот со палка одозгора го пресретнуваме со директен удар со нога во гради, со цел свртување на вниманието на напаѓачот. После тоа престетнувањем изведуваме двоен лост врз лактот и зглобот на дламката. Последна фаза во одрбаната е рушење на напаѓачот, со притисок врз лицето со десната рака додека со левата изведуваме лост врз вратот и го ставаме под тотална контрола, со лост врз неговото десно рамо и притисок врз главата.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо.