Press "Enter" to skip to content

Фото вест: нов мурал во Битола, на ѕидот на кино “Партизан“

Деновиве се црташе новиот мурал во Битола, кој е “сместен“ на ѕидот на старото кино “Партизан“, а е дел од 15-то издание на АКТО фестивалот за современа уметност и денес битолчани ќе го видат во востинско светло, бидејќи утрово се собираше скелето на кое уметниците го изработија.

Со овој мурал се отвара годишната програма по повод јубилејното издание, а автори на муралот КУРС колектив од Белград, кои напишаа дел од Песната за солидарноста  на Бертолт Брехт, кој гласи:

„Црни, бели, калеши, жолти,

заборавете на старите кавги.

Штом муабет почнете со луѓето здружни,

набрзо сите ќе бидеме сложни”.