Денес, среда, 1 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. УВ=9. Температурата во Битола ќе биде до 32°С.
За утре, 2 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на локална нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. УВ=9. Температурата во Битола ќе биде до 30°С.