Press "Enter" to skip to content

Нема нов случај во Битола на ковид-19, денес 1.653 тестови-173 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19, се вели во објавата на “фејс бук“ страницата на Министерството за здравство. 

Во Битола во последните 24 часа нема нов случај на заболен од коронавурус, а најмногу случаи има во  Скопје влупно  75, а следуваат  Куманово 9, Дебар 6, Штип 8, Прилеп 6, Тетово 9, Струга 14, Велес 3, Охрид 10, Кавадарци 3, Гостивар 7, Гевгелија 2, Струмица 1, Крушево 1,  Кочани 4, Пробиштип 1, Берово 1, Валандово 1, Свети Николе 6, Кичево 3 и  Ресен 3.

Починати се 15 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625, бројката на оздравени пациенти е 2.748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.556.