Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кривична за крадец кој ја повредил сопственичката на куќата и нападнато лице на “Прилепска“

СВР Битола поднесе кривична пријава против 31-годишник од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 25.06.2020 на ул. „Шар планина“ во Битола, пријавениот влегол во куќа и додека пребарувал, бил затекнат од оштетената (70 години), по што ја турнал по скалите, а таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди.

На 01.07.2020 во ПС Битола, 33 годипник од Битола пријавил дека на улица „Прилепска”во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.