Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне можен дожд со грмотевици

Управата за хидрометеоролошки работи, за Битола и целата држава, за наредниот временски период прогнозира дека до средината на наредната седмица ќе бидеме под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови да има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

За Битола, за денес, петок 3 јули, метеролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, прогнозираат дека времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9. Температурато во Битола ќе биде до 33°С.

За утре, сабота, 4 јуни, во Битола ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9. Температурато во Битола ќе биде до 33°С.