Press "Enter" to skip to content

Контакт со очи (Проект “Комуникација“ за подигање на свеста на населението “ЕУ Институт Скопје“ и “Bitolanews“)

Се вели дека очите се огледало на нашата душа (anima ). Ова е еден од највлијателните начини да искомуницираме со некого.

Контактот со очи e клучна карактеристика на невербална комуникација. Нашиот поглед оддава многу без да користиме говор. Контактот со очи е неопходен додека разговараме со некого бидејќи ги подобрува нашите комуникациски вештини и нивото на доверба. При контактот со очи оддаваме доверба на соговорникот.

Очите се едно од најмоќните орудија за уверување и фокус во невербална комуникација. Сите сме имале прилика да имаме одржлив, фокусиран контакт со очи со соговорник кој при ваквиот вид на невербална комуникација ни оддава интензивна сигурност. Но, има многу ситуации во кои при контакт со очи во одредени луѓе можеме да доживееме и комплетна несигурнст и тоа од нивниот непријатен поглед.Контактот со очи е дел од нашата секојдневна комуникација. Со ваквиот вид на комуницирање можеме да ги пренесеме нашите цели на лично ниво. Сега сакам да дадам неколку примери се со цел дека ова ќе ви помогне!

Прво што сакам посочам дека нема точна мерлива единица кого, колку и со каков интензитет е потребно да го гледаме во очи. Ќе дадам одредени параметри кои се пристојни и реални. Што мислите, која е нормална количина на гледање на некое лице и контакт со очи ? Според моето искуство тоа е една до две секунди и никако повеќе од максимум три секунди. Да објаснам и зошто. Се што е гледање на пример на случаен минувач, повеќе од три секунди знае да добие и друга димензија. Како прво луѓето тоа знаат да го исперципираат како преголем интерес иако се работи само за неколку секунди.

Затоа, доколку одбирате да воспоставите контакт со очи со луѓе што не ги познавате, ограничете се само на две до три секунди. Се повеќе од ова значи некаков вид на посебен интерес или агресија.Ако сте ентузијасти, тогаш можете и да извршите експеримет и да се уверите во оваа моја
констатација. Говорејќи од мое лично искуство, кога разговараме со некоја личност, одржување на контакт со очи покажува наша заинтересираност, но и дека добро слушаме. Кога е во прашање животен патнер, дечко или слично тогаш гледањето во очи е дозволено и трае многу подолго од три секунди. Во случај кога сме вистински заинтересирани за разговорот, но при тоа не одржуваме правилен контакт со очите (ова значи гледаме лево, десно , на страна ) ова невербално значи дека сме без фокус на разговорот и многу веројатно соговорникот може да се навреди или да се почувствува занемарен.

Доколку пак сакате да прекинете разговор кој е несоодветен во одредена комуникација, тогаш прекинувањето на контакт со очи може да ви помогне дискретно да му дадете до знаење на соговорнкот дека сакате да го прекинете разговорот.

СОВЕТ:

Секогаш гледајте ги луѓето во очи кога разговарате со нив. Лоша слика е доколку сте во разговор со некого и гледате настрана или во неговите чевли и слично. Покажете интерес и секогаш запаметете дека контактот со очи е многу важен во комуникацијата. Секако ова не значи дека вџашено треба да ги го гледаме соговорникот.

Верувам дека ви помогнав. Ви посакувам успешна eye contact комуникација.

За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да не контактирате на info@euinstitue.eu

ПРОДОЛЖУВА…

Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје.
ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.

More from СоветиMore posts in Совети »