Press "Enter" to skip to content

Макрадули во посета на Битола, во “Стрежево“, на Пелистер и во Медицинско (фото)

Во работна посета на Општина Битола престојуваше заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска го информираше за преземените активности во областа на животната средина и вложените инвестиции. Тие заеднички ја посетија пречистителната станица за селата Магарево и Трново, проект финансиран од страна на Европската Унија, во вредност од 9.018.336,00 денари, имплементиран преку партнерот УНДП. Воедно, Петроска посочи дека со средствата од Министерството за животна средина во висина од над 3 милиони денари, се направи дел од колекторскиот систем на потегот од местото Црвени Петли до хотелот Шумски фенери, а со средства од Општина Битола во вредност од 17 милиони денари се направи потегот од Шумски Фенери до трафостаницата и испустот од пречистителната станица до реципиентот. Таа истакна дека поставувањето на приклучоци кај индивидуалните домови е веќе при крај од страна на КЈП „Нискоградба“.Сумарно, во овој дел од потпелистерието, за заштита на животната средина издвоени се над 32 милиони денари, или над 521.000 евра. При посетата на инфоцентарот на НП „Пелистер“, Макрадули и Петровска се сретнаа со директорот Амет Алиу и разговараа за тековните проекти и заштитата на животната средина во рамките на најстариот национален парк во државата, како и за меѓуграничната соработка со Грција и Албанија. Петровска, како најнов момент, нагласи дека е одобрен проектот за реконструкција на локалниот пат за селото Магарево.Денес, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, имаше работна посета на ЈП „Стрежево” – Битола. Во рамките на работната посета оствари средба со директорот на претпријатието, Методија Граматковски.-На средбата покрај одличната соработка со министерството, ја истакнав потребата од дополнителна поддршка на проекти од доменот на водите, кои ќе бидат од витално значење за благосостојбата на граѓаните на Битола и регионот. Добив уверување дека ќе бидат вложени максимални напори, за успешна реализација на проекти со цел заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, изјави директорот Методија Граматковски.Во рамки на планот за чист воздух за 2020 година, МЖСП ќе вложи 1,5 милиони денари за нова фасада и кровот на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, потврди Макрадули во Битола.-Без разлика на ребалансот кој ги допре сите сектори во владиниот буџет за 2020 година, планот „За чист водух“ остана ист и тоа е најдобар доказ дека Владата цврсто остана на определбата за намалување на аерозагадувањето. Ковид-епидемијата не влијае врз капиталните инвестиции, и во таа смисла ние си дадовме задача да не постои државен објект кој не е енергетски ефикасен. Покажевме дека можеме тоа да го правиме и ќе продолжиме со имплементација на планот „За чист водух“ кој има три компоненти, односно замена на нееколошки извори на загадување, енергетска ефикасност и зеленило, посочи Макрадули.