Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: земјоделците да достават барање за проценка на штети од вчерашното невреме

После силните врнежи од дожд и невремето кое ја зафати Битола на 02.07.2020 година и остави големи последици врз земјоделските култури во неколку битолски села, со цел да им се помогне на земјоделците во намалување на последиците со кои се соочуваат, истите треба да пријават штета и да достават соодветна документација на шалтерите во Општина Битола.

За таа цел, се повикуваат сите земјоделци од општината, во чии што земјоделски површини е направена штета, најдоцна до 13.07.2020 до 15:30 часот, да достават:

-Барање до Комисијата за проценка на штета;

-Имотен лист од површината на која се наоѓа земјоделската култура.

Поднесената документација ќе биде доставена до општинската комисија за проценка на штети од елементарни и други непогоди и согласно нејзините надлежности, комисијата ќе пристапи кон понатамошно постапување.

More from ВестиMore posts in Вести »