Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: во двор пронајдена рачна бомба од ЈНА, полициски службеник паднал и се повредил

На 02.07.2020 во СВР Битола, С.И.(56) од Битола пријавил дека при чистење во дворот од неговата куќа на улица „Христо Узунов“ во Битола пронашол рачна бомба M75 од JНА. Бомбата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

На 02.07.2020 во 22.10 часот, при вршење на позорна служба и обиколка во основно училиште во Битола, полициски службеник се лизнал по скали и паднал, при што се здобил со тешка телесна повреда.