Press "Enter" to skip to content

Филип Арсеновски нов кружен напаѓач во Еурофарм Пелистер 2

Репрезентативниот кружен напаѓач, Филип Арсеновски е најново засилување на Еурофарм Пелистер 2 од Битола за следната сезона. Ракометарот кој беше дел од младинската селекција на Мундијалот во 2017 година потпиша четиригодишен договор со клубот од Битола.

Арсеновски има 21 година, веќе собра драгоцено искуство од настапите во Металург и ќе биде од голема помош во ростерот на Еурофарм Пелистер 2.

Никола Стоилевски од Металург 2 исто така е ново име во ростерот на вториот тим на клубот од Битола, а нови договори потпишаа Стефан Дрогришки, Стефан Талевски и капитенот Васко Димитровски.