Press "Enter" to skip to content

Мали таленти, Мила Нечовска со три меѓународни награди на “он-лајн“ натпреварувањата (фото)

Нашиот портал пишува за нашите млади таленти од различна област, промовирајќи го нивниот талент, труд,  успеси и награди. Уште пред две години пишувавме “Малата Мила Нечовска има 7 години ученичка во нижото музичко училиште во Битола. Своето музичко образование го започнува во учебната 2016/2017 во Државното музичко училиште во Битола, првата година изучувала солфеж кај професорката Јулијана Проја Димовска и од самиот почеток  се вљубила во нотите и музиката. Во 2017 се запишува да да учи пијано во класата на професорката Ана Стефановска, за која вели дека е најмилата, најдобрата и најсаканата наставничка, покрај нејзината од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Наташа Илиевска. Таа оваа година учествуваше и ги освои сите први места на натпреварите по клавир. Сите успеси се резултат на трудољубивоста и упорноста кои ја красат личноста на Мила.  Bitolanews  и понатаму ќе пишува за  нејзините понатамошни успеси   кои стојат пред неа… После две години повторно има и што да напишеме за неа…Малата Мила Нечовска сега има 9 години и  веќе две години успешно го претставува Државното музичко училиште од Битола и го афирмира нашиот град на голем број натпревари по пијано во нашата држава, а и надвор од неа.

Таа за време на карантинот заради корона кризата  свирејќи на својот клавир постави  видеа  од нејзини изведби кои  беа снимани од нејзината мајка и кои се поставени на  Youtube канал  https://www.youtube.com/channel/UC8ZnxIje7dBI9HH4gJuCq6Q?view_as=subscriber

Мила има настапувано на голем број концерти/ Новогодишни концерти, интерни концерти од класата на професорката, концерт по повод денот на пијаното, годишни концерти итн. Под ментортсво на професорката Ана Стефановска, малата Мила има   голем број успешни настапи и награди за период од само две години.Во 2018 и 2019 година сите први места на општински, регионален и државен натпревар за пијано.  Специјална награда на Меѓународен натпревар за млади таленти – Гевгелија 2018. Трета награда на меѓународниот натпревар Охридски бисери 2018. Гранд при, специјална награда и златен медал на Интернанационален натпревар Art in 2019 – 1 награда на Интернационален натпревар за млади таленти –Гевгелија 2019, специјална награда и златен медал на Меѓународен натпревар Пијано фест- Битола 2019.Оваа 2020 година 2 награда на Интернационален натпревар за млади пијанисти – Смедерево 2020, 3 награда на Интернационален он-лајн натпревар Пинето Италија 2020 и 1 награда на Интернационален натпревар Art in experience 2020.

Мила ужива кога свири, таа е целосно посветена и одделува голем дел од денот во вежбање и усовршување на композициите. Мила е  сака многу да се дружи со своите другарчиња од улицата, сака да слуша музика и да пее, во слободното време слично како и нејзините врсници сака да гледа и снима и видеа на “Tik TOK“.А кога зборува за свој идол со воодушевување кажува за пијанистката Лола Астанова, која ја следи постојано на социјалните мрежи и со воодушевување ги слуша нејзините пијано изведби, желба и е да биде позната пијанистка некој ден или пак добра наставничка по пијано како нејзината мила наставничка Ана. Нашиот портал и понатаму ќе ги следи нејзините успеси.

Ж. Ристевска

More from ЗабаваMore posts in Забава »