Press "Enter" to skip to content

И официјално двете кугларски екипи од Битола, машка и женска, на европски натпревари

За првпат во историјата на битолското куглање во наредната сезона на европски натпревари ќе гледаме две екипи од Битола, машка и женска.

Кугларската федерација и официјално ги пријави две екипи од Битола, Пелистер (машки) и Пелистер – Т&С Холдинг (жени) да се натпреавруваат во престижниот куп НБЦ.

-Ова е голем успех за Битола и за куглањето, да се има две екипи во НБЦ не е мала работа. Се надеваме дека сите Купови ќе се одржат и ситуацијата со ковид-19 вирусот ќе биде стабилна во Европа. Има голем број на екипи, оваа година се уште ќе билдаме искуство, овој пат на межународни натпревари, а од година во своја сала ќе имаме мотив повеќе и со работа ќе постигнеме добри резултати, вели Игор Михајловски.

Инаку, шест македонски претставници ќе има на големите европски купови.