Press "Enter" to skip to content

Битолчани за Петровден во црквата кај Буковските гробишта посветена на светите апостоли

Иако црквата која се наоѓа кај Буковските гробишта во Битола не го носи името на светецот Петар, се вика “Собор на светите апостоли“, сепак битолчани традиционално на големиот црковен празник Петровден ја посетуваат, а така беше и утрово.

-Црквата во Буковските гробишта во Битола е посветена на сите апостоли, но ние битолчани ја знаеме како “Св. Петар и Павле“, а ретко кој ставил “дикат“ на тоа што пишува над влезот во црквата. Тука претходно имаше служба само на Павловден, а сега и на Петровден, а верници ќе има и утре, ни рече една госпоѓа од Битола, која “креваше“ леб за здравје и визитата на својот сопруг.

Но, битолчани кои имаат куќна слава денес и слават именден утринава беа во црквата и кренаа лепче за здравје, а сите верници кои беа денес во црквата беа послужени со нафора, а оние кои ги поминаа во пост петровденските пости се причестија.