Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со мала до умерена облачност

Денес, недела, 12 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за метеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој најизразен ќе биде вдолж Повардарието. УВ=8. Температурата до 28°С.

За утре, на стартот на седмицата, понеделник, 13 јули, времето во Битола, поред прогнозите на метеоролозите на Управата за метеоролошки работи, ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието. УВ=9. Температурата до 24°С.