Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: “Денот на мојата свадба“ во градскиот парк во Битола (фотогалерија)

-Кога се зборува и пишува за настани и лица од Битола, кои останале во сеќавањата на битолчани, се присетувама и за необини настани кои се случиле на необилни места, започна со своите сеќавања, Димче Миновски, хроничар и доајен на новинарството од Битола, автор на рубриката “Деновиве пред 1о години“.-Еден таков неибичен настан кој се случи во јули 2010 година кој беше во организација на агенцијата “Батерфлај ефект“, а се организира во Градскиот парк во Битола, модната ревија „Денот на мојата свадба“, вели Миновски.Овој необичен настав привлече многу битолчани во Градскиот парк во Битола, кои не само што ги исполнија, не само поставените столчиња, туку и голем број стоеја. На модната ревија пред се беа претставени невестински фустани и машки свечени костуми, а на ревијата учествуваа и наши најмали сограѓани кои беа свечено облечени, како ние во Битола велиме “како за на свадба“, се присеќава Миновски.На настанот покарја ревијата биле прикажани и некои свадбарски “адети“ во ново руво, а присутните ги забававувал и ди-џеј со одбрана музика за тој повод.-Покрај невестинските фустани и зетовските костуми, беа прикажани и други содржини кои се поврзани со организацијата на една свадба, со аранжирање, свечени торти, декорации за свадба, а дури и пајтони специјално подготвени за младенците, вели Миновски.Овој настан кој се одржа пред десет 10 години во Битола слободно може да се рече дека е предвесник на денешните манисфестации кои се нарекуваат “саем на венчавки“.

More from БитолаMore posts in Битола »