Press "Enter" to skip to content

Писмена комуникација, електронски сервиси и електронска адреса (Проект “Комуникација“ за подигање на свеста на населението “ЕУ Институт Скопје“ и “Bitolanews“)

Најпознати e-mail срвиси кои овозможуваат креирање и користење бесплатна електронска пошта преку своите web страници се:

-gmail.google.com на google 

-mail.yahoo.com

-hotmail на Microsoft 

http://www.hotmail.com 

http>//www.windowslive.com и други

НАПОМЕНА:

Ова се бесплатни сервиси кои ни стојат на располагање. За оние кои што сакаат персонализирани сервиси, секако постојат и такви кои се плаќаат.ШТО Е ДРУГО ПОТРЕБНО ДА ЗНАЕМЕ ?

За да може да се користи електронската пошта, секој корисник мора да има своја електронска адреса.

e-mail адресата секогаш си ја избира корисникот.

ШТО СОДРЖИ ЕЛЕКТРОНСКАТА ПОРАКА !?

Електронската порака може да содржи важни и доверливи информации.

Поради оваа причина многу е важно, корисникот на електронската пошта да има сигурен пристап до своето електронско сандаче.КАКО СЕ ОБЕЗБЕДУВА ТОА !?

Едноставно, тоа се обезбедува со лозинка. Лозинката е информација која е потребно да ја знае само корисникот! Таа го претставува клучот на сигурност на неговото сандаче.

ОД ШТО СЕ СОСТОИ e-mail АДРЕСАТА !?

-Од корисничко име кое го избира корисникот при креирање на e-mail адресата

-Име на e-mail серверот

НАПОМЕНА:

Овие два дела од e-mail адресата се одделени со знакот@ (кој се чита “eт” или мајмунче).Еве пример:

во e-mail адресата: nadica-jovanovska@yahoo.com

kорисничкото име е nadica-jovanovska

додека името на серверот е yahoo.com

МНОГУ ВАЖНО !!!

При работа со електронска пошта потребно е да знаеме дека сеедно е дали
e-mail адресите ќе ги напишеме со мали и големи букви се исти.

Да дадеме и пример:

nadica-jovanovska@yahoo.com = NADICA-JOVANOVSKA@YAHOO.COM

Само во лозинката се прави разлика помеѓу малите и големите букви !Затоа, важни се сите овие параметри за непречено функционирање.

Секако, креираниот password или лозинка, добро е да го запишеме некаде и да се состои и од букви ( мали, големи ) и од бројки.

За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да не контактирате на info@euinstitue.eu

ПРОДОЛЖУВА…

 Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје.

ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442

 Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.

 

 

 

More from СоветиMore posts in Совети »