Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: групата “Деспина“ од Битола со концерт во Хераклеја (фотогалерија)

-Ако голем број од нас, а и тука ќе се ставам и јас, дека голем концерт во Битола, со многу публика, посебно во Хераклеја, може да одржи само голема група дојдена од некаде, групата “Деспина“ од Битола, пред 10 години, тоа наше мислење ни ги промени, започна со своите сеќавања, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолкото новинартсво, кој продолжи:-Во Хераклеја бев на концертот со мои пријатели од странство кои беа во Битола, и пријатно се изненадив, прво од посетеноста, а потоа и од амбиентот.Групата “Деспина“ одржа концерт на отворено, за кој имам забележано во новинарскиот бележник, дека имало помеѓу 2.000 и 3.000 публика, која уживаше во концертот кој траеше околу 2 часа, со одлично озвучување за тој простор, раскажува Миновски, за тоа како го има запишано овој настан во неговата документација за Битола.-Групата “Деспина“ не беа сами на концертот, имаа гости дел професори од Музичкото училиште од Битола, како и нивни гости од струката, односно нивни колеги со кои некогаш настапувале, вели Миновски.Но, концертот, кој во тоа време на една група од Битола, која сите ја знаат по нивните кафански настапи, на разни забави, свадби и други фамилијарни прослави, членовите на “Деспина“ го одржале како да не се таква група, туку наликувал на концерт како треба да биде на отворено, со комплетен професионален приспат кон организацијата и самиот концерт.-Не можам сега да се сетам дали некој музичка група од Битола која има ваков “калибар“ на музицирање има одржано концерт во Хераклеја, но “Деспина“ и понатаму е активна и опстојува, и покрај “свадбарската“ музика, ги забавува битолчани и по кафулината, а посебно младите уживаат во нивната музика.