Press "Enter" to skip to content

ЕХФ одлучи, Еурофарм Пелистер директно во групната фаза во Лига на Европа

Европската ракометна федерација ги одреди правилата пред ждрепката за квалификациите за Лига Европа во сезоната 2020/21, а според нив Еурофарм Пелистер од Битола, нема да учествува во нив.

Македонија ќе има три претставника во ова натпреварување, а само Еурофарм Пелистер од Битола директно ќе се најде во групната фаза, а таква повластена улога ќе имаат уште Адемар Леон, Ним, Магдебург, Татабања, Висла Плоцк, Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Кадетен Шафхаузен, Татран Прешов, Алингсас и Бешикташ.

Ова е уште еден голем чекор напред за клубот од  Битола кој во претходните две сезони играше и се докажа во групната фаза на ЕХФ Купот и на Лигата на шампионите.