Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од напад од зад грб при влегување во автомобил со реален аикидо

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-ценатот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога нападот доаѓа од зад грб при влегување во автомобил, со примена на техника од реален аикидо.

Одбраната од овој напад, кој е еден од позачестените напади, поради невнимание на нападнатиот бидејќи е концентриран на автомобилот, кога напаѓачот од зад грб со десната рака не дави додека пак левата ни ја држи во зглобот. Одбраната се изведува на начин што прво до десната нога исчекоруваме напред, се завртуваме лево назад и левата рака ја дигаме високо-во границите на мозностите. Потоа ја извлекуваме главата под раката на напаѓачот и изведуваме лост врз левото лакто на напагачот, при што го онеспособуваме.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо.