Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: еден повреден со нож, друг со тешки повреди во сообраќајка

На 21.07.2020 околу 18.30 часот во село Долно Чарлија, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода двајца на возраст од 48 и 44 години, бидејќи по претходна расправија, со нож му нанеле убодна рана на 39 годишник, кој бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.07.2020 во 13.25 часот на регионален пат Макази – Маркова Нога, на крстосница за село Долна Бела Црква, ресенско, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 533“, без регистарски ознаки, управуван од 78 годишен жител од село Курбиново, ресенско, и мотоцикл “БМВ 1200“, со битолски регистарски ознаки, управуван од 36 годишник од Битола. По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде  му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициско одделение Ресен.

More from ВестиMore posts in Вести »