Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 со Александар Јовиќ стартуваше со подготовките (фотогалерија)

Попладнево во Битола со запазување на сите протоколи кои се пропишани за старт на подготовките на ракометните клубови стартуваа подготовките на Еурофарм Пелистер 2, под водство на новиот тренер, Александар Јовиќ, со прозивка која поради ковид мерките се одржа во две групи во клубските простории. По прозивката и првиот состанок на еден од помошните терени на ФК Пелистер под Тумбекафе во Битола, беше одржан и првиот тренинг на ракометарите, а за стартот на подготовките и за тоа како е да се биде во повторно  Битола, но сега како тренер на на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ рече:-Ова е голем предизвик и голема чест да се биде од еден, според мене добар и голем проект кој се реализира во Битола, а го има поставено претседателот на клубот Зоран Стерјев заедно со својот менаџерски тим. Мислам дека со заедничка работа на моите соработници и сите расположиви тренери ќе направиме добра работа преку Еурофарм Пелистер 2 да создаваме ракометари кои со тек на време би тропале на врата на првата екипа.За планот на подготовки Јовиќ додаде:-Ситуацијата е таква каква е со новите протоколи, но  ние мода да се подготвиме како се да е нормално, а доколку има некој застој во натпреварувањето ќе се снаоѓаме во од. Инаку, подготовките ќе ги одработиме во три фази, прво во Битола до понеделник, а вторник одиме сите заедно за Маврово каде ќе ја имаме втората фаза. Потоа се враќаме во Битола каде треба да одиграме пријателски натпревари и да го дочекаме подготвени стартот на првенството. За амбицииите кои ги има пред себе и за клубот Александар Јовиќ вели:-Според мене се работи за млада екипи во која имаме 4-5 поискусни ракометари кои ќе помогнат оваа сезона. За мене најголем успех и за овој клуб ќе биде да покажеме на цела Македонија дека во Битола се создаваат нови таленти и ако нашиот клуб стане магнет за сите таленти без разлика каде и да се појават, а јас би сакал да ги има најмногу од Битола. Тие да препознаат дека тука можат најмногу да напредуваат, што за мене е најголема придобивка од овој “млад проект“.-Што се однесува до резултатите спортски е да се надеваме и да избориме пласма во плеј-офот, оптимист е Јовиќ.На првиот тренинг беше присутен и тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, кој се запозна со ракометарите, а присутен беше и претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев со најблиските соработници.Текст и фото: С.Ристевски