Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 2 новозаболени, вкупно активни 51, во болницата хоспитализирани 33 пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на Ковид-19, а во Битола има двајца новозаболени.

По градови Скопје-64, Штип-19, Струга-14, Куманово-7, Тетово-7, Гостивар-6, Охрид-5, Кичево-4, Свети Николе-3, Битола-2, Радовиш-2, Прилеп-1, Велес-1, Крушево-1 и Демир Хисар-1, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 131 оздравен пациент, а починати се 10 лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.547, бројката на оздравени пациенти е 5.071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.034.

По градови најповеќе активни случаи има во 1. 909, а во Битола има вкупно 96 регистрирани случаи од кои активни се 51.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти.

More from ВестиMore posts in Вести »