Press "Enter" to skip to content

“Чалгија саунд систем“ го отвори “Локум фест-музика и традиција 2020“ (фотогалерија)

Синоќа со задолжително носење маски, ограничен број влезници во Пациото на Заводот и Музеј во Битола, започна годинешното 14-то издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал “Локум фест-музика и традиција 2020“.На првата фестивалска вечер настапи “Чалгија саунд систем“, а карактеристично е тоа што оваа група настапи и на првиот фестивал “Локум фест“ пред 14 години.Силвана Петровска-Насух која зборуваше на отворањето на Фестивалот, синоќа во Битола, за традијата на “Локум фест“ но и за одржување на традицијата од страна на организаторот, посебно на битолската традиција, на битолските обичаи, за предметите од битолчани кои со чест ги изложувале на фестивалот, за ракотворбите…Денес на програмата е настапот на групата “Балкава“, а утре на затворањето на фестивалот е “Љубојна“.Годинава “Локум фест“ за прв пат се оддржува надвор од старата чаршија во Битола, но сепак во културно историско место – Пациото на Завод и музеј, а а фестивалот останува доследен во својата мисија да промовира македонска музика и музичари.

More from КултураMore posts in Култура »