Press "Enter" to skip to content

Во Битола денес двајца новозаболени, седум излекувани, од корона вирус

Во последните 24 часа се направени 1.312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 54, Куманово 5, Дебар 4, Штип 18, Прилеп 1, Тетово 5, Струга 6, Битола 2, Охрид 3, Гостивар 16, Крушево 1, Демир Хисар 1, Свети Николе 2, Кичево 4 и Ресен 1

Починати се 3 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од кои од Битола се 7.

Досега во земјата се направени вкупно 91015 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.669, бројката на оздравени пациенти е 5.145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.079.

More from ВестиMore posts in Вести »