Press "Enter" to skip to content

“Баклава“ на втората фестивалска вечер на “Локум фест“ во Битола (фотогалерија)

На втората фестивалска вечер на “Локум фест 2020“, која се одржа во Пациото на НУ Завод и Музеј во Битола настапи македонската музичка етно група “Баклава“.На почетокот на концертот вокалот Елена Христова им заблагодари на битолчани за посетата под овие мерки за зашатита, а  посебно му се заблагодари на организаторот на “Локум фест“, Тоше Ивановски, за тоа што настапот во Битола, за нив е прв настап по пандемија од месец март.Македонската музичка етно група „Баклава“ основана е во 2005 година, а во моментов ја сочинуваат членовите Елена Христова (вокал), Дејан Сибиновски (деф), Дејан Теодосиевски (виолончело) и Ѓорѓи Клинчаров (тамбура), но соработува и со други музичари.Со обработки на традиционални македонски фолклорни песни, како и творење авторски песни, тие во изминативе години изградија специфичен, минималистички (вокал, два жичана и удирачки народен инструмент), акустичен звук и амбиентален перформанс како значаен дел од македонската, но и од светската музика, а нивните распродадени концерти се доказ дека оваа група се етаблира на врвот на најдобрите македонски етно изведувачи.Денес на последната фестивалска вечер ќе настапи групата “Љубојна“, со ограничен број на публика, под ковид-меркил, а влезниците се по цена од 150 денари.

More from КултураMore posts in Култура »