Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ прозиваше за старт на подготовките на Еурофарм Пелистер (фотогалерија)

Подладнево во хотелот “Кеопс“ во Битола, кој е “европска“ база на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, официјално започнаа подготовките на ракометарите на битолскиот лигаш, по долгата пауза поради корона-кризата и прекинот н сите ракометни натревари во март.Првиот ден од подготовките започна со работен состанок на кој беа дел од Управата на клубот, а добродојде на сите им посака во име на претседателот Зоран Стрејев, директорот на Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски, кој рече:-Успех во вакви состојби е што сме тука сите здрави и желни за работа и успеси. Се надевам дека ќе имаме успешни подготовки и успешн сезона потоа, но сакам до сите да упатам апел да се чуваме од опасноста која ја носи пандемијата, сите ние и нашите семејства со почитување на препораките за тренинг. Ви посакувам убав престој во Битола и успеси со клубот.Стручниот штаб на чело со трнерот Жељко Бабиќ, беше на стартот на подготовките, а Бабиќ откако им посака добредојде на сите новајлии и им упати апел да се чуваат од вирусот, им ја образложи програмата за работа и подготовките која на големиот монитор имаше работен наслов “Концепт 2020“.Бабиќ ја дефинираше програмата која се состои од неколку дена. Од понеделник пелистерци две недели ќе поминат на базични подготовки во Маврово, каде во македонскиот зимско-летен центар ќе се “билда“ формата и ќе се јакне тимскиот дух.Потоа битолчани ќе добијат краток одмор и ќе минат неколку дена во Битола, па кон средината и крајот на август следуваат двата планирани турнири во Струга и Атина, на кои Еурофарм Пелистер ќе ја воигрува екипата.На денешната прозивка беа претставени и новајлиите, сениорски и младински репрезентативци, Мандалиниќ (Фуксе Берлин), Кушан (Натурхаус Ла Риоха) Мараш (Метковиќ-Балиќ-, Периќ (Гепинген), Костески (ППД Загреб), Кукуловски (Вардар), Танкоски (Металург). Еурофарм Пелистер ги продолжи договорите и со Трајкоски, Вегар, Граџан, Ѓукиќ и Кукоски.На 28 август Еурофарм Пелисер ќе ги дознае противниците за групната фаза на Лига Европа, а во домашната Супер лига ќе се вклучи во плеј-офот следната пролет. Планот е првите официјални натпревари да се играат во септември во рамките на СЕХА лигата, ако натпреварувањето се одржи според планираните термини и рокови.

Текст и фото: С. Ристевски