Press "Enter" to skip to content

Пред прозивката на Еурофарм Пелистер, видео промоција на новите дресови

Преку видео ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола ги промовира трите комплети дресови за наредната сезона 2020/21 во кои ќе настапуваат ракометарите дома и на гости во Лигата на Европа и во завршницата од Супер лигата, во плеј-офот, односно како се надеваат љубителите на ракометот од Битола во борбата за титулата.

Еден од трите комплети еден е зелено-бел, па така големата желба на битолските ракометари да се врати зелената боја во салата “Боро Чурлевски“ е остварена, а оние ки сакаат да имаат свој дрес за навивање и спомен ќе можат да го набават во фан-шопот кој ќе биде отворен во Битола, каде ќе можат да набават покрај дресови и дрига спортска опрема и останати реквизити.