Press "Enter" to skip to content

Со одличниот концерт на “Љубојна“ заврши “Локум фест“ во Битола (фотогалерија)

На последната, трата по ред, фестивалска вечер на “Локум фест 2020“, која се одржа во Пациото на НУ Завод и Музеј во Битола настапи македонската музичка етно група “Љубојна“ која пред мал број публика поради протоколите одржа одличен концерт.На почетокот на концертот вокалот Вера Јосифовска, во име на групата  им заблагодари на битолчани за посетата под овие мерки за зашатита, дека и е мило што настапуваат бидејќи музиката е нивниот живот.“Љубојна“ пред битолчани, во Пацио, испеаје песни кои се нивни понови записи, а секако публиката уживаше и старите познати хитови.Инспирацијата на фестивалот е старата традиција во градот на конзулите, средби со кафе и локум. На 14-та година се обидуваме да ја одржиме таа традиција, важно е за нашето културно наследство, но и за заживување на културниот туризам во нашиот град. Ова е фестивал на кој учествувалле 68 ансамбли од 20 земји.“Локум фест“ останува доследен во својата мисија да промовира македонска музика и музичари, а во таа насока веќе и најавено дека наредното 15. издани на “Локум фест“ во 2021 година во Битола ќе го отвори Влатко Стефановски.

More from КултураMore posts in Култура »