Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: ми е жал што на 50 години “Илинденски денови“ не се игра “Комитското“ (фотогалерија)

-Ни на крај памет, што вели ние во Битола, не ми доаѓаше дека 50. издание на фестивалот “Илинденски денови“ ќе започне без “Комитското оро“ во изведба на КУД “Илинден“ од Битола, кое се игра траиционално на големата бина пред свеченото отворање на Фестивалот, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Миновски, кога се сретнавме и разговаравме за фестивалот, ни кажа дека бил од самото негово основање, долги години бил водител на Фестивалот, а има направено, како вели “мал милион“ емисии на Радио Битола.-Многу гости од Битола, многу гости од странство и безброј играорци “поминале низ микрофонот“ на Радио Битола, имало директни јавувања, многу емоции, многу пријателства останале од тоа време…-Ми жал дека година вака поминува фестивалот, а јас како човек во години оваа година не можам да ги следам и оние малку активности кои се организирани, ги почитувам мерките и многу не излегувам од дома и избегнувам собири, вели Миновски и додава:-На сите кои сме биле дел од Фестивалот, а секако и на битолчани, тагуваме по дефилето низ улиците на Битола, кога се собираат сите пред Саатот, тагуваме по сликата на Гоце Делчев која е на чело на дефилето и со гордост ја носат членовите на “Илинден“…-Тагуваме и по второто оро кое се играше по свеченото отворање, орото на машките играорци на Русалиите од Секирник, кои ја симболизираат војската на Христос, која со секири го бранела, па затоа од таму и името, тагуваме во странските играорци кои ја пренесуваат, тука во Битола нивната традиција…Но, ќе каже за крај Миновски, нека помине ова зло низ цел свет, да помине и кај нас, па со година ќе имаме 51. по ред фестивал “Илинденски денови“  и ќе ја продолжиме оваа традиција.Фотографиите од вечерта на свеченото отворање на “Илинденски денови“ на ракометното игралиште во Битола, се само дел од моите спомени.

More from КултураMore posts in Култура »