Press "Enter" to skip to content

До Цапарски вир и манастирски комплекс “Св. Петка“ – велотура низ Цапарско потпелистерие во должина од 45 километри, Пелистерски патокази (28) (фотогалерија)

За околу 5 часа со поминати околу 45 километри низ цапарското потпелистерие ќе ги посетите двете туристички места Вистинскиот цапарски вир и манастирскиот комплекс “Св. Петка“ кои допрва ќе бидат туристички атракции во близина на Битола.Се популарниот планински велисипедизам од ден на ден открива нови локации за јавноста, а порано биле познати само за малкумина. Одна таква локација е Цапарскиот вир кој се наоѓа над село Цапари и по уредувањето од група млади цапарци годинава е многу посетено место за битолчани, кои рекреираат со планинарење или возат велосипед. Во рубликата “Пелистерски патокази“ каде се приближуваат планински патеки, а во последно време и вело-патеки низ Пелистер, ја посетивме оваа локација со велосипед.По задолжителната проверка на гумите на велосипедот на компресорот на бензинската пумпа “Лук Оил“ и задолжителното утринско кафе се продолжува до локацијата нас село Цапари. Кире Грбевски, професор по физичко воспитување во Горната Гимназија, дел од својот работен век го помина како наставник и во основното училиште во Цапари, па затоа тој беше иницијатор и водач по вело-патеката.-Првата постојка секогаш кога се води по стариот пат од Битола преку Братиндол до Превалец и крстосницата каде е приклучокот за регионалниот пат Битола-Ресен, за свртување кон Рамна и Лера и секако за Ротино и Цапари. Утринскиот поглед од тука кон Баба Планина е врвот Пелистер е неповорлив и ова место покрај за одмор се користи и за насладување на очите со пелистерското зеленило, со Пелистер, со Вртешка, кон Макази и секако кон подпелистерието. Патот до тука е повеќе од тринаесетина километри, а до селото, односно до Цапарскиот вир има околу дваесетина киломатри кои велосипедист со средна кондиција моќе ги помине за околу два часа, секако со одмори, без форсирања, а на угорнините и со пешачење, вели Грбевски.По неколку прашувања каде оди патот кон Цапарски вир, низ селото скриен од погледите се наоѓа ова прекрасно место кое жителите од Цапари го уредиле во прекрасна туристичка атракција. Водопадот, малото езерце, мостот над водопадот, клупите се место кое нема да ве остави рамнодушни, а ќе направите и стотина фотографии.Цапарчанецот Ристе Стефановски, рано пред 9 часот утрото го најдовме таму, каде со мотика и го трасираше патот на водата за да ги навади градините под селото и ни рече прво, да знаете тука се капат само мажи и продолжи да ни раскажува за местото:-Местото не беше вакво од секогаш, додека младите не најдоа некои пари и го средија. Немаше камени брегови како сега, туку беше обичен вир, но сега е преубаво место. Убавиот водопад сека е уште поубав, а ќе ви кажам и нешто друго. Пред да слезете од патот за тука, ќе продолжите нагоре, а за брзо ќе најдете место каде има параклис, а потоа можете да продолжите кон Цапарска Пресека, за оттаму да се одлучите дали ќе слегувате или ќе продолжите кон Ловечка и Антената. Но, не ви препорачувам со “точак“ бидејќи повеќе ќе ги турката и носите на раце, преку два рида.Но, иако Ристе рече дека тука поради ладната пелистерска вода се капат само мажи Кире и Александар се престрашија и влегоа во водата, но само за кратко бидејќи Ристе бил во право, водата е “кочан ладна“.-Ова е преубаво место, но да бидам искрен, ако бев сам немаше да го најдам. Мора да има некој знак, некоја табла, некој патоказ како да се стигне до тука. Јас, а и голем број на битолчани кои сега почнуваат со откривање на околните убавина на Битола со велосипед тешко ќе се снајдам. Кога веќе е популарно место некој нека постави патокази, дали месната заедница, дали Националниот парк, дали општината бидејќи местото е скриено. Можеби цапарци и на тој начин љубоморно го чуваат за себе, вели Игор Илиевски – Гоки.По уживањето во зеленилото кај Цапарски вир и одморот тешко ќе се одлучите да се вратите во Битола, ако претходно не го посетите манастискиот компекс “Св. Петка“ кој се наоѓа на другата страна.По слегувањето во центарот на селото кај паркот, се свртува лево и се продолжува кон текстилната фабрика, а потоа по угорнината се продолжува кон манастирскиот компекс. По неколку километри добра угорнина пред вас се простира убавиот компекс со црквата, преубавите конаци и убаво средениот двор, а таму ќе ве пречека домаќинот Ицко, кој на сите намерници и го покажува манастирот, конаците…-Црквата е градена во 18 век, во 1724 година, а потоа во 1849 реновирана и доправена . Но, во 1993 година се е изгорено во големиот пожар, а потоа морало се да направи како порано, на пример покрив од камени плочи. Во 2013 година започна изградбата на конаците, а од 2014 година компексот почнува да го добива овој лик. Комплексот нема монаси, а се отвора само за викенди и верски празници. Има голем број на верници кои сакаат да го видат окој комплекс, вели Ицко на кој му се благодарни за гостопримството, за тоа што ни беше водич низ манастирот и како вистински православен христијанин ни помогна да ја поправиме опремата на еден од велосипедите.-Ова е само еден многу мал дел од големото нематеријално и материјално богатство околу нас, околу Битола, низ Пелистер. Манастирскиот компекс ве остава без збор, поради убавината каде и да се погледнета. Црквата, конаците и влезот со уредената чешма мора секој да го погледне сам, вака со кажување тешко ќе ја доловиме оваа безвременска убавина. Ова е убаво, надвот од конаците се гради нешто ново, тука има место за престој на туристи, но како рече Ицко мора да се научиме и да го чуваме ова богатсво. Како некој пред нас дваеста и повеќе години се грижел за овој комплеск да остане и да се разубавува, така мораме да се грижиме и ние. Ние бевме совесни она беше отпад во вративни во ранците, но некој не го прави тоа, остава каде ќе најде, вели Александар Делов.Кога ќе се нагледата убавина и ќе добиете барем малку духовен мир, до Битола ќе се вратите по патот од другата страна на Цапари од каде дојдовте. Ќе се спуштите до познатата кафеана “Александрија“, потоа по коцката од под Кажани до Превалец, па до Битола.