Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Научете го детето да каже “НЕ“ и да се избори за себе на правилен начин

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Родителски  практики на  воспитување  т.н. “убаво воспитано дете“  (кое не плаче, не хистеризира, слуша…) или со други зборови послушно дете.  Без да ги изрази и проживее сите чувства и емоции на радост, тага, бес, гнев…(позитивни или негативни). Со тоа детето не  може да ги регулира, и да стане  свесно што навистина чувствува! Како ќе ги разбере  чувствата на другите ако не ги проживее или  изрази своите? Заради тоа  емоционална интелегенција и развојот на емпатијата стагнира уште во детството. 

„Дај му ја играчката на другарчето, сака да си игра со неа, биди добро дете. !Не плачи“, Немој да беснееш, Немој да си тажен, Не прави го ова  срамота е од … Ајде извини се сега…!Или со други зборови родителите често  подразбираат  „убаво воспитано дете“ е она кое споделува од своите работи кога му се каже, кое не плаче, се извинува кога му се каже да се извини, не хистеризира, не зборува лоши зборови, оди на спиење на време, јаде на време, односно  послушно дете кое се контролира со награда (пофалба) кога направи нешто добро, и казни кога направи лошо. Многу родители сметаат дека послушно дете е „убаво воспитано дете“.

Но, психологот Сунчица Јовановиќ истакнува дека тоа дете веројатно нема да биде во контакт со своите потреби,чувства,емоции, бидејќи и родителите не се со неговите потреби, а ни со своите. Најверојатно ова дете нема да знае да каже „НЕ“ и да се избори за себе, често ставајќи ги  другите личности пред себе, бидејќи и секогаш ги ставало своите потреби, чувства, емоции … пред другите во текот на одрастувањето низ  воспитувањето за да биде „добро воспитано дете“.

Во неможност да ги манифестира своите емоции на гнев, бес, тага, радост… веројатно е  агресивноста да ја сврте внатрешно  кон себе и обично да „работи “ против себе и да се потиснува себеси, да се повлекува во многу ситуации без самодоверба и себепочитување. Подоцна ова може да  има основа за депресија. Надворешно насмевка, и учтиви зборови, а всушност внатрешно во душата  празнина и непознавање на своие желби. Ќе биде добар ученик , бидејќи тоа за него ќе значи дека е добра личност.

Една од родителските практики да воспитаат „добро воспитано дете“ или послушно е и тоа што го„ тераат “ или форсираат да споделува, односно да биде „добро“ дарежливо дете за околината. Со тоа и оневозможуваат да каже „не“ Зошто родителите го форсираат детето да споделува од своите работи? Целата работа околу “споделувањето“ со која современите родители се преоптоваруваат и како родителска практика е многу интересна и чудна во воспитувањето особено во светот на децата. Форсирано  “Споделување“ треба да значи да го даде одреденот предмет (играчка) кога некој му побара во одреден момент или кога било. Децата често тоа не го сакаат. Но да го поставиме ова прашање

Кога се случува ова во светот на возрасните? Ако поседуваш нешто, тогаш не го споделуваш ако не сакаш. Ако некој  сака да го позајми тоа што го употребуваш тогаш те прашува и ти му одобриваш кога ќе завршиш. Тогаш и прашањето зошто му поставуваме некои правила на децата дека треба да  споделуваат (играчките или помош кон другиот ) кога некој им побара. Односно  концептот за споделување кое го бараме кај децатa изгледа како да се превртел во светот на возрасните. Исто така тоа е еден од начините кој го попречуваат развојот на емпатија.

Истражувањата покажале дека кога децата споделуваат автоматски, тогаш тие се посреќни отколку кога ги силиме “тераме“ на тоа ,со што им предизвикуваме отпор и тие се чувствуват лошо, неразбрано, а не добро и дарежливо.

Имено, децата  кога даваат од срце се чувствуваат добро. Но наместо да ги оставиме да споделуваат спонтано, автоматски  ние како родители  често ги присилуваме или  „форсираме“ „силиме“ „тераме“  да споделуваат, со што им предизвикуваме отпор.

Или најчесто се случува кога тие споделуваат природно тогаш родителите со „Браво така супер што му ја даде играчката, ти си добро дете! се гордеам со тебе… и.т.н. прискокнуваат  и ги  присилуваат на тоа, повторно да ги контролираат.Односно  со тоа сакаат  да го „зацврстат “  тоа однесување со што обично може да предизвикува спротивен ефект.Истражувања за споделувањето и ефектите

Децата на помала виозраст кои често биле наградувани односно пофалувани кога покажеле дарежливост (споделувале) имаат тенденција да бидат помалку дарежливи во секојдневниот живот од оние кои не биле.

Секој пат кога слушале „Добро е што даваш или се гордеам со тебе што им помагаш“! Таквите деца станувале помалку заинетерсирани да даваат или помагаат. Овие активности не им изгледале како нешто вредно во нивниот начин на размислување- дека е тоа добро. Тоа им делува  нешто како реакција, за да добијаѕт нешто за возврат награда и ли пофалба во случајот.. Со ова како и да завршувала акциите на помош. Вели психологот Али Кох (Alie Kohn)

Што да се направи  

-Оставете „споделувањето“ да се случува природно, спонтано, автоматски.

-Нема потреба од наградување или коментари за тоа. Но ако сакате да прокоментирате за да се зацврсти таквото однесување кажете тоа што го гледате како факт. „Му ја даде играчката  на другарчето. Изгледа е радосно, среќно што си игра со неа, бидејќи ја посакуваше. Повторно да го насочите  вниманието кон чувствата на другото дете.

-Наместо да се свртува вниманието  на присилно, изсилено,  споделување.

-Или кога ја сака играчката со која игра другарчето, сигурно во моментот кога игра тоа и нема да  сака да ја даде (да сподели).  Ставете му на знаење дека откакао другото дете ќе доигра со неа, потоа тој може да си игра со истата. Ако детето има проблем да  го чека“ (плаче, бесно е)  својот ред (што и често  се случува).  Во нивниот детски свет  времето не е реално.  Бидете емпатични и кажете дека е во ред да биде вознемирен и нестрплив додека чека со зборовите “во ред е да си вознемирен“ . Чекањето е навистина тешко кога немаш изградено чисто чувство за време, се уште. Не би требало да ја “поправате“ ситуацијата со тоа што ќе се мешате и го присилувате другото детето да ја даде играчката. За да ги разбереме чувствата на другите ние мораме прво да ги разбереме сопствените. Ако како родител не сте емпатични да се  соживувате со тоа како вашето дете  се чувствува, тогаш како ќе очекувате и детето  така да се однсува кон чувствата на другите?

Совет  прифатете ги сите нивни чувства ! Не барајте да ги минимизираат (да не ги проживуваат Не плачи, не хистеризирај….) заради вашиот мир и удобност. Научете ги да станат свесни за нив да ги препознаваат и со тоа регулираат и канализираат на правилен начин. Со тоа и да научат и знаат да  кажат „НЕ“ во ситуации кога треба да се заштитат. На тој начин ќе знаат и понатаму во својот живот како возрасна личност.  

More from СоветиMore posts in Совети »