Press "Enter" to skip to content

Новиот “Кеопс“, spa & wellness centar, утре ги отвора вратите за битолчани (фотогалерија)

Нов spa & wellness centar во Комлекс “Кеопс“ во Битола – за релаксација и опуштени летни денови, започнува со работа утре.Опуштете го телото и смирете ги Вашите сетила во spa & wellness centar “Кеопс“  кој е сместен во комплекс “Кеопс“ во Нова Битола кој е изграден по најсовремени стандарди и располага со два внатрешни базени: голем и мал (детски). Покрај базените има и финска сауна,  салон за масажа и убавина.Во ова време на корона криза кога сите живееме во стрес, страв и загрижаност за сопственото здравје, релаксација и опуштење  на сите  сетила во овој нов во Битола spa & wellness centar.Внатрешните базени ќе ви овозможат вистинско летно освежување и релаксирање со чувство на сигурност, според сите протоколи за одржување на хигиена на високо ниво, со запазување на сите мерки и протоколи за заштита од ковид-19.Големиот базен е со димензии 14 х 4,5 метри, со длабочина од 1,6 м. Изграден по најсовремени стандарди за одржување на топлина и хигиена каде човечкиот фактор е сведен на минимум. Со тоа е постигната висока професионалност за секој кој ќе го користи да се чувтсвува пред се сигурно, а потоа и да се релаксира.

Секако на радост на  најмладите тука е и помалиот “детски базен“ кој е со димензии 7 x 5 m и длабочина од 0,65 метри.Наоколу лежалки за одмарање после пливањето, а при тоа  може да се освежите со понудата на голем избор топли, ладни напитоци и коктели во барот кој е во склоп на овој Центар.Опуштете го телото и смирете ги Вашите сетила во најновиот модел на ова финска сауна со што ќе се освежите и подмладите.  Масажата за целосна телесна релаксација е вистинското нешто да Ве смири по активниот ден.Новина во комплексот “Кеопс“ се и двете конгресни сали со капацитет до 40 лица, кои можат да се користат за секокви настани, пресови, конференции, работилници, обуки, изложби…, а се опремени со сите потребни технички средста.Ѕpa & wellness centar “Кеопс“ започнува со работа од утре.