Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од напад во глава со палка

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-ценатот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога нападот доаѓа од напред, а напаѓачот користи палка и сака да ве повреди во глава, со примена на техника од реален аикидо.

Одбраната при удар со палка во глава од горе се применува на тој начин што прво  со левата нога исчекоруваме лево во страна при што со десната рака – од надвор го скренуваме правецот на нападот. Потоа ротираме со десната нога назад за 360 степени, и така доаѓаме во позиција зад напаѓачот, при што пласираме лост врз десниот лакт и лост врз неговиот врат, влечејќи во лево на долу.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо.

More from СоветиMore posts in Совети »