Press "Enter" to skip to content

Во Битола доаѓаат уште двајца квалитетни кошаркари, бековите Нацевски и Мартин

Со доаѓањето на уште две квалитетни засилувања во Битола полека се заокружува новиот кошаркарски проект на кошаркаркарскиот клуб Пелистер за новата кошаркарска сезона.

Пелистер деновиве во Битола го донесе Даниел Нацевски од редовите на Академија ФМП, а последното засилување е Џастин Мартин кој доаѓа од Панатанаикос, Грција.

Даниел Нацевски е  24-годишен бек, со одличен шут кој во Битола ќе се пресели Академија ФМП и ќе биде од голема помош за тренерот Марјан Илиевски кој ќе го предводи новиот кошаркарски проект. Нацевски претходно настапуваше за екипата на Кожув, а го носеше и дресот на Вардар.

Екипата на Пелистер од вчера е посилна за уште еден кошаркар, на бековската позиција,  кој доаѓа од Соединетите Американски Држави. Се работи за ниското крило Џастин Мартин, кој има 30 години и зад себе има долгогодишно искуство играјќи ширум Европа, а во Битола доаѓа од Панатанаикос.

Пелистер според планот за подготовки  ќе се стартува на средината на месец август, а според засилувањата кои веќе имаат ставено потпис на договорот, управата на клубот работи на создавање на моќен тим, кој ќе има високи цели во новата сезона на Првата лига, а битолските љубители на кошарката ќе гледаат квалитетна кошарка. 

Новиот тренер на Пелистер, Марјан Илиевски кој ќе го предводи новиот кошаркарски проект, исто така потпиша за клубот ова лето.

Нови кошаркари кои потпишаа договори со Пелистер, покрај Нацевски и Мартин, се и американскиот бек Џалил Абдул Басит, Игор Кесар, Бобан Стајиќ, Бојан Трајковски, како и неколкумина младинци.