Press "Enter" to skip to content

Почина битолчанец на 27 години од ковид-19, новозаразени 5, оздравени 5 битолчани

Според информациите на министеството за здравство во Битола дене е починато едно лица на 27 годишна возраст, на инфективната клиника во Скопје. Во Битола во последните 24 часа има пет новозаболени лица, а исто толку се оздравени.

Во последните 24 часа се направени 1.621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 47, Куманово 17, Дебар 10, Штип 16, Прилеп 2, Тетово 2, Велес 5, Битола 5, Охрид 2, Кавадарци 1, Гостивар 10, Крива Паланка 1, Кочани 5, Пробиштип , Демир Хисар 1, Македонски Брод 6, Виница 2, Кратово 1, Кичево 3 и Ресен 1.

Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти од кои 5 во Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 103.938 тестирања на ковид-19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.891, бројката на оздравени пациенти е 6.698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.700.