Press "Enter" to skip to content

Разговор со повод: Марија Додовска, 7 успешни години “Invent EVENT“-Битола, агенција за организирање настани (фотогалерија)

Жанета Ристевска

Верувам дека постои магија во креирањето на настани, а доколку го правите тоа со посебна љубов, успехот е загарантиран. Секој настан приказна за себе.Пред точно 7 години 2013 година во Битола се роди идејата за формирање на оваа агенција за “ивент менаџмент“ која беше прва агенција од овој тип во нашиот град. Оваа 2020 годниа “Invent EVENT“  агенцијата прославува 7 години успешно постоење на пазарот. “Invent EVENT“  е агенција која организира  настани на  креативен и оригиналнен начин за различен повод. Организацијата на настани одзема многу време и исклучителна посветеност, и не ретко е стресна работа. Менаџирање на настан е еден комплексен процес, за кој е заслужна и онаа која ја осмислува работата на оваа агенција, а тоа е Марија Додовска од Битола. Овој период таа се наоѓа во Прага, Чешка заради приватни и професионални обврски, и разговорот околу прославата на 7 години работа на “Invent EVENT“-Битола, го направивме “он-лајн“. Од каде идејата за “Invent EVENT“  агенција за организирање на настани во Битола?

-Како последица на долгогодишното истражување и потребата да се биде во чекор со светските трендови кои го променија класичното разбирање на креирање на настани во ивент индустријата. тука би додала и  страст за планирање и продукција. и искуството како индивидуален планер на настани и личната мрежа на услуги за планирање, пред точно 7 години се роди идејата за формирање на оваа агенција за ивент менаџмент која беше прва агенција од овој тип во нашиот град.Што нуди вашата агенција?

-Она што ние како агенција го нудиме е реализација на креативен, продукциски и логистички дел, во зависност од сопствениот личен вкус и изборот на животен стил, атрактивни и доверливи решенија кои ќе им помогнат на нашите клиенти  специјалниот настан да го добие потребното внимание, автентичност и оригиналност на идеите. Секој настан е приказна за себе.Организирањето  на настан е еден комплексен процес кажете ни повеќе околу вашата работа?

-Кога се планира еден настан, подготвен и изнесен пред широкиот аудиториум, кој во исто време е придружуван со другите форми на раководење како на пример проценување и утврдување, дефинирање, распределба, имплементирање, насока, контрола.  Без разлика дали се работи за корпоративен  или настан од друга природа, севкупната атмосфера е одлучувачки фактор за успешно сработена целина која ќе ги испорача и задоволи потребите и очекувањата на клиентот.

7 успешни години работа на “Invent EVENT“. Кажете ги вашите искуства во овој сектор на работа?

-Гледано од денешна  перспектива  можам со големо задовоство да кажам дека овие 7 години беа едно неверојатно и непроценливо искуство за мене. Привилегија е да се работи со клиенти кои ги одбележуваат најзначајните и најсреќните денови од  своите животи со тоа дозволувајќи ни нас да бидеме дел од сето тоа.  Страста која нималку не избледи во сите овие 7 години ја прави мојата работа посебна. Верувам дека постои магија во креирањето на настани, а доколку го правите тоа со посбна љубов тогаш успехот е загарантиран.Пандемијата заради корона криза  придонесе одложување на настани од различен тип каде има присуство на многу луѓе. Како се одрази тоа на работењето на вашата агенција?

-Глобалната индустрија за настани се соочува со тешки времиња поради пандемијата на коронавирус.  Од рестриктивните регулативи на владата и јавното здравство до целокупното расположение на приближување кај јавноста, постојат многу ограничувања што водат до широко распространето откажување и одложување на настаните.  Се наоѓаме во екот на свадбената сезона,  но за жал многу парови беа приморани да го откажат или одложат нивниот настан на неопределено бидејќи никој до овој момент не се произнесе во врска со организирањето на свечености. Ваши идни планови и нови идеи за агенцијата?

-Се потрудив да го искористам овој летен период  и слободното време во истражување и надополнување на моето знаење.  Ги следам постојано новите трендови во инвент индустријата кои веќе значително се променуваат, и ќе има видливи адаптации во креирањето на било кој вид на настан. И, секако да се одморам и да поминам квалитетно време со моите пријатели и мојот брат во Прага.  Како и да изгледа новото нормално во иднина, очекувам  пред се од моите соработници и колеги   да имаат повеќе разбирање и да бидат пофлексибилни по однос на клиентите. Сепак, ние сме тука да овозможиме безпрекорен настан, да се прилагодиме на севкупната ситуација  и пред се да им излеземе во пресрет на нивните барања и очекувања.

Од агенцијата “Invent EVENT“ не очекуваат уште многу оригинални идеи  и изненадувања, за кои ќе пишуваме понатаму. Заради што следниот разговор со  Марија Додовска ќе биде во живо  по нејзиното враќање во Битола.

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »