Press "Enter" to skip to content

ЈП “Водовод“ -Битола: ако се продолжи со оштетување на водоводната цевка можен е прекин на водоснабдувањето во Алинци

Несовесен(ни) граѓани намерно ја оштетуваат водоводната цевка кај мостот во село Алинци. Изминатите денови беа олабавувани спојниците на цевката со цел наводнување на нивите во тој реон, кои беа санирани од екипи на ЈП “Водовод“-Битола, а сега таа е оштетена со нож или друг остар предмет.

Поради овие причини, ако се продолжи со уништување на водоводниот систем од неодговорни лица, можно останатите жители да останат без вода на подолг период, додека се поправа или се монтира нова опрема.

ЈП “Водовод“ – Битола апелира до месното население ако забележи било какви незаконски дејствија тоа да го пријави, а полицијата на тоа место ќе има засилени контроли.