Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: мотокросистите им помагаа на пожарникарите во шумски пожари (фотогалерија)

Поради зголемениот број на шумски пожари во Битола во летото 2010 година, дел од битолските мотокросисти кои се натпреваруваа и дел моторџии рекреативци се ставија на располагање на битолските пожарникари, започна со своите сеќавања Димче Миновски, за рубруката “Деновиве пред 10 години, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Идејата дојде од моторџиите од Битола, да помагаат во гаснењето на шумски пожари околу Битола и на Пелистер, не да гаснат заедно со пожарникарите, туку брзо да стигнат со своите крос-мотори од Битола на повик на ППЕ Битола, до местото на шумскиот пожар.Ако е мал пожар со мала количина на вода да го угаснат на стартот пред да се зафати поголем оган и поголема површина, вели Миновски.Идејата, се присеќава дошла од Иле Петровски, тогашен, претседател на мото-клубот Мото-старс, а била подсржана најпрво од искусниот Борче Костов – Жолтиот и секако од останатите.-По тој повод имаше и дефиле низ улиците на Битола, но како продолжи соработката на овој проект, на ППЕ Битола и моторџиите не знам, но со оглед на тоа дека сега во Битола нема активен мото-крос клуб не верувам дека има нешто вакво, вели Миновски.