Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола нема новозаболени и оздравени, но за жал има еден починат

Според информации на Министерството за здравство објавени на нивната официјална страница во Битола во последното деноноќие нема нов случај на новозаболен од ковод-19, нема ни оздравен, но за жал регистриран е починат пациент од Битола.

Инаку, во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19. Починати се 3 лица, пациент од Битола, пациент од Демир Хисар и пациент од Скопје. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 106.047 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.128, бројката на оздравени пациенти е 6.972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.656.