Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: опожарена куќа на улица “Христо Узунов“ и моторцикл “јамаха“ на патот Битола-Нижеполе

Во СВР Битола било пријавено дека на ул. “Христо Узунов“ во Битола настанал пожар во куќа во која престојувал Д.Р. заедно со неговата сопруга на возраст од 59 години и нивната ќерка при што биле опожарени две простории во куќата. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Во СВР Битола било пријавено дека во близина на угостителски објект на пат Битола-Нижеполе имало опожарен моторцикл “јамаха“ без регистарски ознаки сопственост на лице од Битола, по чие кажување моторцикалот му бил украден пред два дена но истиот не го пријавил случајот. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »