Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: завидливост и љубомора, како да се ослободиме и канализираме овие негативните емоции

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Завидливоста и љубомората многу повеќе зборуваат за нас самите одколку за личноста спрема која тоа го чувствуваме. Потребно е да се направи тазлика помеѓу љубомора и завидливост, Тоа се две идентични чувства, но различни емоции.

Завидливоста произлегува од стравот дека нешто ви недостасува и заради тоа личноста А го посакува она што го има личноста Б.

Љубомората е резултат на стравот дека ќе изгубите нешто што веќе сте го имале. Најденоставен пример, личноста А се плаши дека ќе ја изгуби личнсота Б заради личност или предмет Ц.Двете емоции се резултата на компетитивност која ја чувствуваме спрема другите луѓе, а вината доаѓа од нашите инстиктивни потреби втакени во биологијата. Хормонот серотонин кај цицачите мотивира да се чувствуваат добро кога ќе бидат подобри во споредување со другите. Овие чувстав се вткаени во човековата природа, но многу зависат и тоа како ќе ги проживуваме и канализираме.  Со воспитуавњето ако постојано ве споредувале со другите и при истакнување како сте полоши или подобри, се втемелува личното чувство на самодоверба. Во  зависност од личната самодоверба овие чувства можат да ви предизвикуваат постојано да се натпреварувате со секого, и да се чувствувате лошо.

Начини како да ги контролирате завидливоста и љубомората:

-Завидивоста и љубомората повеќе зборуваат за вас како личност одкоку за личноста кон која ги чувсвтвуваме овие емоции. Луѓето во суштина сакаат да го добијат она што ќе ги прави среќни. Овие емоции се јавуваат кога нам лично нешто ни фали или посакуваме нешто, но не можаме тоа да го реализираме. Секако дека не лошо нешто да посакуваме, но чувството треба да го канализираме, освестиме со правилно вклучување на мислење во емоциите за да видиме зшто не можеме нешто да достигнеме. Дали е тоа диплома, награда, пари…-Социјалните мрежи денес се главен извор на завидливост и љубомора. Истражувањата докажале дека социјалните мрежи предизвикуваат негативни емоции (текст на wwwbitolanews Негативните емоции на социјлните мрежи). Имено секојдневно на “фејсбук“, “инстаграм“ или “твитер“ гледаме поставени слики, постови… од животите на другите луѓе. Она што го посакуваме,сакаме или немаме во нашиот живот, односно она што го имаат другите луѓе.

-Не реагирајте веднаш! Психолозите велат кога нешто или некој го покренал нашето чувство на завидливост и љубомора, треба да почекаме 20 минути пред да коментираме, осудуваме, или кажеме некои нешта со злоба, за кои можеби и ќе ни биде лошо подоцна. (Најлесен начин на социјалните мрежи коментари во негативна конотација, осуда, злоба).  20 минути, или толку време е потребно нивото на стрес кој во тој момент ќе го почувствуваме, да се врати во нормала, пред да коментираме со осуда, злоба…-Оддалечете се од луѓето кои во вас предизвикуваат вакви емоции. Престанете да ги пратите овие личности на социјалните мрежи, се додека не ја промените својата перспектива и не научите како да се носите со своите чувства. Како да ги освестите со мислење и да ги согледувате работите на поинаков начин.

-Отворено разговарајте како се чувствувате. Завидловост и љубомора се чести емоции, но ако се случува тие негативно да влијаат на вашиот живот генерално, тука се вашата работа, брак или врска, тогаш потребен ви е отворено да зборувате за нив. Може да се доверите на блиска личност која може да ви помогне да се соочите со нив.-Честитајте им на другите за нивниот успех и бидете среќни за нивната среќа. Постои верување (будустичко верување), емоции дијаметрално спротивни на завидливсот и љубомора се нарекува “сочусвителна радост“. Тој израз означува или опишува чувство на искрено задоволство заради среќата и успехот на другите луѓе. Според ова верување туѓата среќа може да влијае и на вашето лично задоволство, ако сте искрено среќни заради тоа.