Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“-Битола: се работи на санација на три дефекти на водоводната мрежа

Поради три дефекти на водоводната мрежа екипи на јавното комунално претријатие “Водовод“ од Битола се на терен и работат на нивно отстранување.

Екипите на ЈКП “Водовод“ денеска работат на отстранување на дефекти на водоводната мрежа во населба “Кланица“, на улицата “Борис Бастеро“ и како и на дел водоводната линија кон РЕК Битола.

Екипите работат интензивно на отстранување на дефектите и за воспоставување на нормално снабдување со вода во овие населби и кон РЕК “Битола“.

More from ВестиMore posts in Вести »