Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: малолетник со мопед “ап-6“ удрил во паркиран “мерцесец“, повреден возачот и совозачот

На 03.08.2020 година во 22.20 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Партизанска“ во Битола мопед марка “ап-6“, управуван од 17-годишник, удрил во паркирано моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки.

Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а 17-годишниот сопатник на мопедот со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Од страна на увидна екипа бил извршен увид на местото на незгодата.