Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и топло од утре нестабилно време

Од утре следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, а се очекува локално да наврне и поголема количина на воден талог.

Денес, 4 август, вторник, во Битола, според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи,  времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер. Кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата до 33°С.

Утре, среда, 5 август, времето во Битола Променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и пообилни врнежи. УВ=6. Температурата до 24°С.