Press "Enter" to skip to content

Денес нема новозаболени битолчани од ковид-19, 830 тестирања-75 нови случаи

Според информациите на министерството за здравство објавени на нивната офоцојална “фејс бук“ страница денес во Битола нема нов случај на новозаболен од ковид-19, но нема ни оздравени пациенти.

Инаки, во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 32, Куманово 4, Штип 5, Тетово 7, Кавадарци 8, Гостивар 8, Струмица 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Македонски Брод 2, Виница 1, Свети Николе 1, Кичево 2 и Неготино 1.

Починати се 5 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 106.877 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.202, бројката на оздравени пациенти е 7.108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.589.