Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од напад со палка од напред

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-ценатот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога нападот доаѓа од напред, а напаѓачот користи палка и сака да ве повреди во глава, со примена на техника од реален аикидо.

Одбраната при напад одо горе се поставува прво со левата рака за момент ја блокираме раката која удира и истовремено со десната нога исчекоруваме напред, а потоа  пласираме удар во брадата на напагачот со десната рака. Потоа ја факаме раката која удира влечејќи ја надолу ја ротираме при што напагачот, го извлекуваме од рамнотежа . Продолжуваме да го ротираме во обратна насока, провлекувајќи се поднеговата десна пазува, а кога тој е во крајно нестабилна позиција, со левата рака со удар ја продолжуваме неговата нестабилност и го ставаме 100% под контрола.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо.