Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола претежно облачно, посвежо и нестабилно, температурата до 26°С

Под влијание на циклонска активност од денес следува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено денес и утре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Денес, среда, 5 август, во Битола времето, според метеоролозите на Управата за хидрометоролошки работи, ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=6. Температурата во Битола до 26°С.

Утре, четврток, 6 август, времето во Битола, ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ=5. Температурата во Битола до 24°С.